
Осум војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара, јави сириската државна агенција САНА, цитирајќи сириски воен извор.
Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел.
Војската не соопшти детали за овие напади, јавија британските медиуми.