
Во Македонија во средата ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец.
Попладнето во западните делови од земјата врнежите наместа ќе бидат пообилни.
Утринските температури се движат од 5 до 16, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 17 и 27 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 23 степени.