
Социјалната мрежа „Икс“ почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.
Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, како што напомна и сопственикот, Илон Маск.
Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, според нивни избор.