
Во Појасот Газа денеска влегоа 12 камиони со хуманитарна помош, јавија локалните медиуми.
Во камионите има храна, вода и лекови, пишува Тајмс оф Израел. Со тоа бројот на камиони со хуманитарна помош што влегоа во Газа изнесува 74.
Меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека состојбата во Газа е лоша и бараат помошта да се достави побрзо.
Светската здравствена организација претходно денеска повика на итен и непречен пристап на хуманитарна помош до Газа, за да може да профункционира здравствениот систем.