
Фудбалерите на Тотенхем ја продолжија победничката серија, откако во петокот вечерта во петокот во првиот дуел од 10-то коло на англиското првенство на гостувањето го победија Кристал Палас со 2:1.
Тотенхем ја продолжи низата без пораз на десет првенствени кола остварувајќи ја притоа и осмата победа со која се одвои на врвот на табелата во Премиер лигата со 26 бодови. Пет бода помалку имаат Манчестер Сити и Арсенал кои имаат и натпревар помалку.
Кристал Палас, пак, остана моментално на 11-то место со 12 бодови.
Тотенхем поведе во 53 минута по автоголтот на Џоел Вард, а 13 минути подоцна Сон Хеунг-Мин погоди за 2:0. Домашните успеаја да го намалат резултатот дури во четвртата минута од судиското продолжување на натпреварот со голот на Џордан Ајев.
За домашниот менаџер Рој Хоџсон ова беше 500-от натпревар во англиските клупски натпреварувања. Покрај Крстал Палас, ги водеше и Фулам, Блекбурн, Вест Бромвич Албион, Луверпул, Бристол Сити и Вотфрод.