
Во налетот на ураганот Отис смртно страдаа најмалку 27 луѓе, соопшти во петокот мексиканската влада откако една од најмоќните бури во земјата го погоди одморалиштето Акапулко, предизвикувајќи штета од милијарди долари.
Невремето од 5-та категорија поплави улици и автомобили, остави куќи без покриви, ги прекина комуникациите, го прекина патниот и воздушниот пристап, оставајќи траги од урнатини низ Акапулко, град со речиси 900.000 жители. Четири лица сѐ уште се водат како исчезнати, соопшти Владата.
„Она што го претрпе Акапулко беше навистина катастрофално“, рече претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор на прес-конференција во Сиудад де Мексико додека ги пресмета штетите од невремето што го зафати јужно Мексико со ветрови од 266 километри на час.
Отис, кој неочекувано брзо се засили долж брегот на Тихиот Океан, беше толку моќен што корнеше големи дрвја, расфрлајќи остатоци низ Акапулко. Болниците беа поплавени, а стотици пациенти мораа да бидат евакуирани во побезбедни области. Владата прогласи вонредна состојба во регионот, но даде малку детали за тоа како загинале 27-те лица или колку се повредени.
Ерик Лозоја, професионален магионичар, рече дека издржал „три часа ужас“ со сопругата и двете ќерки во хотелска соба во Акапулко додека ураганот ги кршел прозорците и минувал низ зградата со заглушувачки интензитет.
„Буквално се чинеше дека нашите уши ќе експлодираат.Видовме како летаат душеци и контејнери со вода. Таванот почна да се урива“, вели 26-одишниот Лозоја кој се забарикадирал во бањата со своето семејство и уште четири лица..
Семејството излегло од бањата, но водата набрзо почнала да навлегува во собата на осмиот кат. Лозоја морал да стои два часа носејќи ги ќерките низ водата до глуждовитем бидејќи ветерот бил толку силен што не можеле да ја отворат вратата за да излезат.
Владата сè уште не ја проценува штетата предизвикана од Отис, но „Enki Research“, која ги следи тропските бури и ја проценува штетата, процени дека таа е „веројатно близу 15 милијарди долари“.
Се верува дека луѓето кои се водат за исчезнати се исчезнати од морнаричкиот персонал, рече претседателот Лопез Обрадор, кој замина во Акапулко во средата, менувајќи го своето возило неколкупати бидејќи бурата предизвика сообраќаен метеж, според сликите објавени на социјалните мрежи. На една фотографија се гледа како седи во воен џип заглавен во калта.
Во четвртокот попладнето по локално време владата објави дека контролната кула за летање на меѓународниот аеродром Акапулко е повторно во функција и дека воздушниот мост што ќе им овозможи на туристите да стигнат до Сиудад де Мексико ќе биде оперативен од петок.
Речиси 8.400 членови на мексиканската армија, воздухопловните сили и националната гарда се распоредени во и околу Акапулко за да помогнат во напорите за расчистување, соопшти Министерството за одбрана.
Акапулко е најголемиот град во јужната држава Гереро, еден од најсиромашните во Мексико. Локалната економија е во голема мера зависна од туризмот, а Отис предизвика голема штета на некои од најпознатите хотели на брегот на градот. Нарекувајќи ја бурата „целосно разорна“, гувернерката на државата Гереро, Евелин Салгадо рече дека 80 отсто од хотелите во градот се погодени од невремето и властите работат на враќање на струјата и повторно активирање на пумпите за вода за пиење.
Наставата во училиштата во Гереро е откажана втор ден, а опозициските политичари ја критикуваа владата дека не е доволно подготвена. Магионичарот Лозоја вели дека тој и неговото семејство не биле известени од хотелот за приближувањето на ураганот до околу 22,30 часот во вторник, едвај час или час иполовина пред Отис да го удри брегот.
Лопез Обрадор предупреди за претстојното доаѓање на Отис на социјалните мрежи околу два часа порано.