Израелските војници влегуваат во Газа за да го збришат Хамас и да ги ослободат заложниците

Израелските трупи влегоа во Појасот Газа за да ја елиминираат радикалната палестинска организација Хамас и да ги ослободат заложниците заробени за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и оттогаш се држат во енклавата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Граѓани на Израел, синоќа нашите копнени трупи минаа низ портите на Газа за да влезат во дувлото на злото. Тоа е војна со јасно дефинирани цели, кои се да се уништи моќта на Хамас и да се вратат заложниците“, рече тој во обраќање до нацијата.

Повеќе од 7.300 Палестинци се убиени, а уште околу 19.000 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, изјави палестинската министерка за здравство Мај Каила.

„Хуманитарната ситуација во Појасот Газа е неопислива. Откако израелската агресија започна на 7 октомври, загинаа повеќе од 7.300 луѓе, од кои околу 70% се деца, жени и постари лица. Бројот на ранетите е околу 19.000 , додека илјадници луѓе се уште се под урнатините“, рече министерот во изјавата објавена на Фејсбук страницата на Министерството.