
Се закажа ново Вонредно изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија за избор на претседател и на сите органи и тела, но дел од членовите на асоцијацијата кои се надвор од Скопје се прашуваат дали долговите што го има кон нив ДПМ од претседателот во оставка Христо Петрески ќе им бидат исплатени
Со заминувањето на Христо Петрески од претседателската функција на ДПМ, останува отворено прашањето дали Христо Петрески кој е потписник и на жиро-сметката на ДПМ, ќе аплицира на традиционалните проекти на ДПМ во Министерството за култура, како и изминатите години што го правеа претходните претседатели, или сега по оставката ќе го остави на ветрометина, така што догодина Друштвото на писатели на Македонија ќе нема активности, оти ќе нема финансиски средства за реализација на предвидените проекти за кои години наназад аплицираше и добиваше средства, прашуваат дел од писателите.
Една од најновите загрижености покрај аплицирањето на проектите на ДПМ е и таа, дали на членовите на ДПМ годинава ќе им бидат исплатени средства за патни трошоци за Вонредното изборно собрание закажано за 25-ти ноември, бидејќи некои од нив не добиле средства за патни трошоци за минатогодишното изборно собрание. Всушност, велат тие, негрижата или незнаењето на Петрески, како да се аплицира кон Министерството за култура за финансиска поддршка на проектите и традиционалните награди на ДПМ, е негрижа и немање однос кон членовите на
Друштвото на писателите на Македонија, така што сега го доведе ДПМ во една незавидна состојба, бидејќи одредени членови на ДПМ кои беа во жири комисиите, а станува збор за вкупно 12 члена за традиционалните награди: „Стале Попов“, „Ванчо Николески“, „Ацо Шопов“ и „Димитар Митрев“, сѐ уште не ги добиле своите финансиски средства, кои им следуваат, а најмалку пак добитниците на наградите: Венко Андоновски, за наградата „Стале Попов“, Соња Стојменска – Елзесер, за наградата „Димитар Митрев“, Зоран Пејковски, за наградата „Ацо Шопов“ и Ели
Макaзлиева, за наградата „Ванчо Николески“…
Добитниците на наградите со известување бр.24-6154/2 од 08.06.2023 година, од Министерството за култура беа известени за тоа. Во известување меѓудругото стои: …„Во врска со реакциите на претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, г. Христо Петрески во врска со Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година, Ве известуваме за следново: Министерството за култура изврши детална проверка на сите доставени пријави од Друштвото на писателите на Македонија на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година при што утврди дека Друштвото на писатели на Македонија нема поднесено пријава за доделување на годишните награди на Годишниот конкурс. Министерството за култура особено ги почитува вредностите и значењето на овие книжевни награди ги цени вашите творечки заложби, но формално правно нема можност за одобрување на проект надвор од доставените пријави на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година….“.
Според загрижените членови на писателската асоцијација, тоа е само „мал дела“ од незаинтересираноста, негрижата, незнаењето или индолентниот однос на Христо Петрески кон членовите на ДПМ токму при реализацијата на вакви значајни моменти од функционирањето на Друштвото на писателите на Македонија, па сега се отвора прашањето, дали сите оние кои имаат побарувања од Друштвото на писателите на Македонија ќе го тужат за да си ги наплатат побарувањата, затоа што како што се вели и во известувањето испратено од Министерството за
култура: „Министерството за култура изврши детална проверка на сите доставени пријави од Друштвото на писателите на Македонија на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност за 2023 година при што утврди дека Друштвото на писатели на Македонија нема поднесено пријава за доделување на годишните награди на Годишниот конкурс“…
За писателите тоа е уште еден срам за друштвото „компониран“ од претседателот Христо Петрески, кој неодамна си даде две оставки од претседател на ДПМ, и според нив значи отворање на една „уште една Пандорина кутија“ која го заокружува и овој резил, но и моментот на размисла дали сите оние на кои Друштвото на писателите на Македонија им стана должник, по судски пат ќе си ги наплатат побарувањата од него, а ДПМ „ќе се срами од човекот кој неуспешно и шегобијно го претставуваше….“.