
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер, информираше УХМР.
„Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Во вторник и среда наутро понекаде во котлините ќе има утринска магла, а преку денот зголемена облачност. Услови за повремен дожд ќе има во среда и ноќта кон четврток, а потоа преку денот во четврток и позначително намалување на температурата“, се вели во соопштението на УХМР.