
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ посочи дека Србија треба да го признае Косово, по што доби остар одговор од претседателот.
-За нас признавањето на независноста на Косово не е прашање и тоа не се срамам и не се плашам да го кажам пред Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен рече Вучиќ кој додаде дека Србија ги знае своите одговорности од досегашните договори и дека и Косово треба да ги исполни своите обврски, најпрво формирањето на Заедницата на српските општини.