
Гордана од денеска со семејството, е првата реакција на нејзиниот сопруг Влатко Илиевски откако поранешната министерка Јанкулоска е пуштена дома на условен отпуст по три години и еден месец минати во затворот „Идризово.
-Чувството е прекрасно, да биде дома со семејството. Борбата за нејзина рехабилитација за случајот „Тенк“ продолжува во судот во Стразбур. Гордана има и уште еден предмет каде што е обвинета, тоа е случајот „Тврдина“, објаснува Илиевски за „Република“.
Условниот отпуст трае до септември 2024 година и таа нема да се враќа во затвор ако дотогаш не направи ново кривично дело.