
На 01.11.2023 во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода К.К.(23) и Н.П.(20), двајцата од Струмица.
При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и поднесена соодветна пријава.