
Полицијата денеска затвори дел од автопатот меѓу Атина и Патра поради обилните врнежи од дожд, јавуваaт грчки медиуми.
Затворена е лентата на новиот автопат кон Атина во регионот Елајонас. Стариот национален пат меѓу Атина и Патра бил затворен во двата правца во истото подрачје, додека сообраќајот бил пренасочен поради невремето.
Грчката железница „Хеленик воз“ ги запрела возовите на некои линии поради обилните врнежи од дожд и појавата на вода на шините.
Исто така, делумно се откажани и железничките линии меѓу станиците Патра и Агиос Андреас.