
Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер изјави дека не смета дека Хезболах ќе ги ескалира борбите со Израел. Во изјава за Би-Би-Си тој нагласува дека „поширок регионален конфликт е оттргнат“.
„Во моментов гледаме дека овој конфликт е ограничен меѓу Израел и Хамас“, вели тој.
САД испратија две групи носачи на авиони во источниот Медитеран во обид да ја одвратат терористичката група поддржана од Иран да отвори втор фронт против Израел.