
Денеска (04.11.2023) во 00.00 часот во СВР Скопје, Ш.А.(39) од Скопје пријавила дека на 03.11.2023 околу 11.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко-доверителски односи, И.М. упатила закани кон семејството и ѝ го скршила телефонот. Според пријавеното, таа претходно со тврд предмет оштетила и стакло од лифт од станбена зграда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.