Швионтек ја декласираше Пегула во финалето во Канкун

Полската тенисерка Ига Швионтек првпат во кариерата ја освои титулата на ВТА Финалето, завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки на светот кој оваа година се одржа во мексикански Канкун, откако во финалето ја декласираше Американката Џесика Пегула.

Швионтек триумфираше со чисти 6-1 и 6-0, за помалку од еден час игра.

Со победата во Канкун, 22-годишната Швионтек се врати и на врвот на листата на најдобрите тенисерки на светот и 2023 година ќе ја заврши на првото место, пред Белорусинката Арина Сабаленка која ја совлада во полуфинаалето во Канкун.