
Од денеска ќе биде затворен за сообраќај локалниот пат до селото Блаце пред граничниот премин. Пристапот до Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин за што е поставена сообраќајна сигнализација.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека се воведува режим на сообраќај на овој патен правец поради градежни работи на автопатот А4, делница ГП „Блаце” – Скопје (клучка „Стенковец”) подделница 1.
Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на два километри пред граничниот премин, сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.