Претежно облачно со повремен дожд

Во Македонија во средата ќе преовладува облачно време, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде.

Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 4 и 11, додека максималните дневни соодветено ќе достигнат од 9 до 21 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде  облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 15 степени.