
Марија Јаничевска е предлог за директорка на ОТА на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Членовите на Комисијата едногласно ја донесоа одлуката Јаничевска да биде директор на ОТА.
Предлогот го образложи претседателката на Комисијата Марија Георгиевска, која кажа дека Јаничевска е родена 1978 година во Скопје, дека била државен советник за општи работи во ОТА, како и други детали од нејзината биографија.
Георгиевска информира дека за оваа функција се пријавиле 21 лице.
Николче Крстевски и Елида Шуки се предложени за членови на Комисијата за одлучување по жалби за јавни набавки. Кирил Каранфилов е предложен за повторен мандат за претседател на оваа Комисија.