
Косовската полиција продолжи со претрес на објекти во Приштина поради сомнение за шверц на мобилни телефони и затајување данок. За два дена се одземени 244 паметни телефони, објави Коссев.
Полицијата спроведе акција со пазарните инспектори на косовското Министерство за индустрија и трговија (МИНТ), во рамки на која е извршен претрес во 30 простории за продажба на мобилни телефони. Одземени се паметни телефони, таблети и безжични слушалки.
Просториите биле претресени, како што истакна КП, поради сомнение дека работат незаконски, односно дека мобилни телефони се набавени со заобиколување на редовни процедури и дека со таа постапка е избегнато плаќање данок. Телефоните се одземени додека не се изврши детална проверка на валидноста на документите, велат од таму.