ВИДЕО| Израелците 10 часа се бореа со Хамас и Исламски џихад – зазедоа уште едно терористичко упориште

Израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува војската на земјата, објавија дека припадниците на пешадиската бригада Нахал го освоиле упориштето на Хамас познато како „Полигон 17“ во западниот дел на Џабалија во Појасот Газа.

Емануел Фабијан, воен известувач на Тајмс оф Израел, утринава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) објави снимка од израелската армија по битката, која, судејќи според видеото, заврши во мугрите по десет часа борби.

Се вели дека ИДФ објавила дека израелските војници се борат против оперативците на Хамас и Исламски џихад кои биле „на теренот и на подземна рута во областа“.

Во напис на Times of Israel, Фабијан изјави дека војниците го зазеле тоа упориште откако се бореле во тунелите.

ИДФ соопшти дека се убиени „десетици терористички оперативци“, но не соопшти дали има загуби на израелска страна.

Израелската армија, исто така, објави дека се лоцирани многу непријателски оружја и откриени влезови во подземни тунели, вклучително и еден што бил до градинка.

ИДФ соопшти дека „значително количество“ борбени ракети на Хамас биле пронајдени на „Полигонот 17.