И покрај 54-те коша на Адетокумбо, Милвоки загуби кај Индијана

Јанис Адетокумбо го оствари рекордот оваа сезона со 54 поени на гостувањето на неговиот Милвоки Бакс во Индијанаполис, но домашните Индијана Пејсерс победија со 126:124.

Грчкиот кошаркар имаше 76 отсто шут (19/25), промаши само две слободни фрлања (16/18), на учинокот додаде 12 скока и три асистенции, но двете загубени топки се покажаа како клучни за конечниот исход на дуелот, од осум колку што имаше на натпреварот.

Индијана одлично влезе во натпреварот, имаше 18 поени предност на половина од првата четвртина, но Бакс предводени од својот исклучително расположен капитен, полека почнаа да се враќаат во мечот, за да поведат во третата четвртина. Тоа до средината од последната четвртина изнесуваше 10 поени, но до крајот на дуелот се случи нов пресврт.

Тајрис Халибартон погоди „тројка“ на 89 секунди до крајот за водство на Пејсерс од 122:121, со што ја започна последната серија од седум поени на домашната екипа која ги остави гостите без одговор. По промашената „тројка“ на Крис Мидлтон, во следните два напада, Адетокумбо ја исфрли едната топка во аут, а другата му ја украде Бенедикт Матурин, кој на осум секунди до крајот погоди две слободни фрлања за 124:121. Мидлтон промаши уште една „тројка“ по што Брус Браун погоди со леј-ап за 126:121 и трета последователна победа на Пејсерс. Тројката за три поена на Мидлтон со истекот на времето не можеше да го промени победникот.

Ова беше прв натпревар за Бакс во сезоната во кој беа без Демијан Лилард, бидејќи поранешниот лидер на Портланд почувствува болка во мускулот на потколеницата.

Милвоки шутираше 53 отсто (46/87) од поле, но само 33 процентио (9/27) за три поена, за разлика од Пејсерс, кои уфрлија 20 „тројки“ од 48 обиди што е 42 отсто.

Водечки стрелец на Индијана беше Тајрис Халибартон, кој постигна 29 поени со 10 асистенции и погоди пет „тројки“ од девет обиди. Бенедикт Матурин имаше и 26 поени и 11 скока за шестата победа на Пејсерси (6-3) сезонава, додека центарот Мајлс Тарнер постигна 21 поен, шутираше 4/9 за „тројки“. Бади Хилд и Брус Браун постигнаа по 11 поени, кои имаа и девет скока и седум асистенции.

Со победата Пејсерс ги прескокнаа Бакс (5-3) и се на третото место во Источната конференција зад Филаделфија (6-1) и Бостон (5-2).

Вториот натпревар вечерта се одигра во „Арена ЦДМХ“ во Мексико Сити, каде Атланта Хокс ги совладаа Орландо Меџик со 120:119 со „тројката“ на Деџунте Мареј на 31 секунда до крајот на натпреварот. Помошник во тој напад беше Трае Јанг, кој мечот го заврши со 41 поен, осум асистенции и три украдени топки. Џејлен Џонсон постигна 19 поени со девет скока, Мареј додаде 16 поени, а Богдан Богдановиќ постигна 15 поени.

Орландо имаше предност во скоковите, но дуелот го решија „тројките“: Хокс погодија 15 од 39 обиди, а играчите на Меџик погодија 10 од 27.

Седумте играчи со двоцифрен учинок ги предводеше Џејлен Сугс со 21 поен. Паоло Банкеро постигна 17 поени и имаше 8 скока но промаши „тројка“ на осум секунди до крајот што можеше да му донесе победа на Орландо. Маркел Фулц постигна 13 поени и Мориц Вагнер, кој имаше и седум скока.

Со својата петта победа, Атланта (5-3) се искачи на четвртото место во Источната конференција, додека Орландо е десетти со учинок од 4-4 на полувремето, што го имаат уште четири екипи (Бруклин, Мајами, Њујорк, Торонто).