Премиер лига: Осум голови во дербито меѓу Челзи и Манчестер Сити

Во последниот наптревар од 12-то коло од англиското фудбалско првенство во дербито меѓу Челзи и Манчестер Сити на лондонски „Стенфорд Бриџ“ немаше победник а мечот заврши со резултат 4:4 (2:2).

Дуелот одигран по силен долж беше исполенет со пресвртио кој актуелниот англиски и европски прва беше поблиску до победата, но домашниот состав со реализирање на најстрогата казна во судиското продоложение на натпреварот спаси бод.

Сити поведе од пенал кој во 25. минута го реализираше Ерлинг Халанд. Следеше пресвртот на Челзи чии творци беа Tиаго Силва во 29 и Рахим Стерлин во 37. минута, за на 2:2 да израмни Мануел Аканџи во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

На самиот почеток од вториот дел, во 47. минута, Халанд со својот втор погодок ја врати предноста на Сити. Во 67. минута Никола Џексон израмни на 3:3, но Родри во 86. минута со доста среќа со удар од дистанца кој на патот кон голот го погоди Тиаго Силва и го смени правецот повторно ги доведе во водство гостите од Манчестер. Но Дијасе во петтата минута од судиското продолжение го „собра“ Броха во сопствниот шеснаесетник, а прецизен од белата точка беше Кол Палмер.

Водечкиот Манчестер Сити сега има 28 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул и од третиот Арсенал., додека Челзи е 10-ти со 16 бодови.

Фудбалерите на Ливерпул неколку часа претходно бодовно се израмнина со водечкиот Манчестер Сити и со третиот Арсенал на врвот на англиското првенство откако дома со 3:0 го совладаа Брентфорд. Двоен стрелец за Ливерпул беше Мохамед Салах, во 39 и 62 минута, а еден погодок постигна Диого Жота во 74 минута. Брентфорд е 11-ти со 16 бодови.

Интерсен натпревар со пресврти одиграа и Вест Хем и Нотингем Форес, а домаќините на кракот славеа со 3:2. Вест Хем поведе уште во 3. минута со голот на Лукас Пакета, а до крајот на полувремето во 44. минута за гостите израмни Таиво Авонији. Нотингем во 63. минута преку Ентони Еланга го презема водството. Но тоа траеше само две минути, зашто израмни Џерод Браун, а Вест Хем дојде до трите бода
со голот на Томаш Соучек во 88. минута.

Вест Хем се искачи на 9-то место на табелата со 17 бодови, а Нотингем Форест остана 15-ти со 13 бодови.

Астон Вила не дозволи изненадување на домашен терен и со 3:1 го совлада Фулам. Гостинската мрежа ја начна нивниот играч Ентони Робинсон во 27. минута, а потоа ја погоди и домашниот играл Џон Мекгин во 42. минута. Прашањето на победникот го разреши Оли воткинс со погодокот во 64. минута, а гостите успеаја само да го ублажат поразот преку Раул Хименез во 70. минута.

Астон Вила со 25 бодови се зацврсти на петтата позиција која води во Лига Европа, а Филам остана на 12 бодови и на 16-то место.

Брајтон и Шефилд Јунајтед ремизираа со 1:1. Домашните рано поведоа во 6. минута со голот Сајмон Адингра, а уште еден играч на Брајтон се впиша меѓу стрелците, но Адам Вебстер во 74. миута ја попгоди сопствената мрежа за конечните 1:1. Претходно во 69. минута Брајтон остана со играч помалку, откако беше исклучен Махмуд Дауд.

Брајтон се одржа на 8-то место со 19 бодови, а Шефилд Јунајред е претпоследен 19-ти со пет бодови.