
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс го претрпеа петтиот последователен пораз во НБА лигата, а четвртиот по ангажирањето на засилувањето Џејмс Харден, губејќи на својот паркет од Мемфис Гризлис со 101:105.
Речиси во целиот тек на натпреварот Клиперс беа во заостанување, а на почетокот од последната четвртина Гризлис имаа предност од 14 поени. Но на минута и пол до крајот беше израмнето 98:98. Сепак, самата завршница Гризлис ја одиграа подобро и ја впишаа втората победа во сезоната.
Дезмонд Бејн со 27 и Маркус Смарт со 17 коша ги предводеа Гризлис, додека Пол Џорџ со 26 и Норман Паулемн со 20 поени се истакнаа кај Клиперс.
Клиперс паднаа во соодносот на победи и порази на 3-6, додека Гризлис малку го поправија на 2-8.