
Индискиот магнат Субрата Рој, основачот на „Сахара Индија Паривар“ почина денеска на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.
Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошилa здравствената состојба.
Ројх е роден на 10 јуни во 1948 година, во Арарија, Бихар и беше истакната фигура во индискиот бизнис. Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.
Рој беше познат и во Македонија, тој пред десетина години беше своевидна „икона“ на владата на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски, најавувајќи огромни инвестиции во Македонија, од кои не се реализира ниту една, бидејќи заврши во затвор во Индија, поради затајување на данок.