Штајнмаер го уверува Зеленски дека Германија „нема да заборави“ на Украина

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во средата предупреди дека војната во Украина го губи вниманието на јавноста и најави дополнителна поддршка од Германија и ги повика луѓето да продолжат да ја поддржуваат земјата којашто е во војната.

„На Украина уште повеќе и е потребна нашата поддршка сега кога војната беснее и на Блискиот Исток, а војната во Украина повеќе не го добива вниманието што итно и треба“, рече Штајнмаер на конференцијата за германско-украинско партнерство во германскиот град Лајпциг.

„Законот на (рускиот претседател Владимир) Путин е дека светот треба да ја заборави Украина“, рече тој. Германија не може и нема да му ја направи таа услуга на рускиот претседател, рече тој.

Штајнамер, инаку, е еден од учестници во преговорите за мирно решавање на граѓанскиот конфликт во Украина по превратот во Киев во 2014 година кои резултираа со Минските договори од 2014 и 2015 година со кои доминентно руските југоисточни региони Доњецк и Луганск требаше да добијат широка автономија. Но како што лани потврди тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, тие договори не се почитувале за да ѝ се даде можност на прозападната власт во Киев да се подготви и вооружи за воено да го реши проблемот со руските и проруските региони, со што всушност ја оправда одлуката на рускиот претседател Владимир Путин на 24-ти февруари да ја започне инвезијата во соседната земја.

„Нема да се навикнеме на илегалната и нехумана агресивна војна на Русија’, рече Штајнмаер за војната што Русија. Штајнмаер рече и дека војната „не прави разлика меѓу градовите и селата и затоа е важно да има поддршка не само меѓу владите, туку и меѓу градовите и општините“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се приклучи на конференцијата посветена на партнерството на германските и украинските градови, кој рече дека не само Украина е под закана од рускиот режим, туку и соседните земји се во опасност.

„Многу е важно да не ги користиме само инструментите со кои располага државата“, рече Зеленски.

Домаќинот на конференцијата Лајпциг веќе 62 години има партнерски односи со украинскиот главен град Киев и тоа е најдолгата таква врска меѓу германско-украинските градови. Ткн „збратимување“ потекнува од периодот кога Лајпциг беше во комунистичката Источна Германија, а Киев во советската Украина како дел од Советскиот сојуз.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на конференцијата рече дека германската поддршка е од витално значење за Украина. „Заедно сме посилни“, рече Кличко, нагласувајќи дека Украина „се бори за демократски вредности и демократска иднина“.

Кличко рече дека стравува дека многу земји ќе го намалат фокусот на Украина во ситуација на војна меѓу Хамас и Израел во Газа. „Последицата ќе биде дека Русија нема да биде казнета и едноставно ќе продолжи со својата политика“, рече тој.

„Нервозен сум пред зимата“, призна Кличко, додавајќи дека ситуацијата во неговата земја е таква што етоа е „илузија на живот којашто може да биде уништена секоја секунда“.

Министерката за развој Свења Шулце нагласи дека германските градови и заедници покажуваат голема посветеност да ја поддржат Украина. „Локалните власти ќе играат одлучувачка улога во обновата на Украина“, рече министерот, кој доаѓа од социјалдемократите на SPD. „Германија ќе продолжи да помага сѐ додека е потребно“, додаде таа.

Германската влада планира значително да ја зголеми воената помош за Украина следната година, објавија во вторникот германските медиуми, што беше потврдено од германскиот министер за одбрана Борис Писториус на маргините на состанокот во Брисел: „Зголемувањето на германската воена помош е силна и јасна сигнал за Украина дека ние се уште сме на нивна странска страна“, рече тој за воената помош која, според медиумите, треба да се зголеми од планираните четири на осум милијарди долари.