
Стрниште и сува трева гореле во Oпштина Старо Нагоричане, во село Младо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица.
Пожарот избувнал во попладневните часови и го изгасила една екипа од противпожарната единица на Старо Нагоричане.

– Пожарот зафати рид и изгоре сува трева и ниски растенија. По брзата интервенција на колегите, пожарот беше локализиран и изгаснат, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски.