
-Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024 година проектирале 5.5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018 година. Буџетот за 2024 е напумпан, и како и до сега не носи развој, туку криминал и корупција. Од 2018 година до денес власта потроши 25 милијарди евра низ буџети, и ништо ново не направи. Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите, се вели во соопштението на ВМРО- ДМПНЕ.
-6 години нема еден готов автопат. Кичево – Охрид е во застој, Скопје – Блаце не е ниту почнат. Каде се трошат милијардите евра од буџетите 6 години по ред?
Очигледно е дека наместо кај граѓаните, парите завршуваат кај криминалците, затоа и власта се обидува да купи ден повеќе власт во 2024 година, за да продолжи со криминалот и корупцијата до последен ден. Потребни се итни промени, за грабежот да запре, се вели во соопштението на партијата.