
Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4.
Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.
-Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“.