ФОТО| Претрес во Скопје, пронајдени амфетамин, марихуана и пиштол

Во четвртокот (16.11.2023) утрото во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ц. на 31 и А.Н. на 19 години, двајцата од Скопје.

Имено, при претрес во домот каде што престојувал Г.Ц., извршен со судска наредба, а во кој била затекната и А.Н., пронајдени се и одземени над два килограма амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.