
Во Македонија во саботата ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен ветер (над 80 км/час) од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу минус 3 и 7, додека максималните дневни соодветно ќе достигна меѓу 2 и 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 9-от степен.