
Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во вторник по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.