Доларот стабилен, цените на нафтата паѓаат

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути е стабилна, а цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,73 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,70 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,15 на 149,50 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0905 долари, додека вчера во ова време беше 1,0910 долари.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,07 отсто, на 81,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,84 отсто, на 76,45 долари.