
Кремљ во петокот соопшти дека желбата на НАТО да создаде воена верзија на Шенгенската зона во Европа, којашто на вооружените сили на западниот воен блок би им овозможила непречено слободно движење со цел посилно распоредување кон Русија, ги зголеми тензии и предизвика загриженост.
Шефот на логистичката команда на НАТО во Европа (JSEC), генерал-полковникот Александер Солфранг во четвртокот во разговор за агенцијата Reuters рече дека би сакал да види таква зона.
„Ни фали време. Она што нема да го направиме во мировременски услови нема да биде спремно во случај на криза или војна“, рече меѓудругото Солфранк.
Командата на JSEC, сместена во германскиот град Улм, го координира движењето на воениот персонал и опремата на НАТО преку целиот европски континент.
Додека JSEC основан во 2021 година за да се подедноставт подготовките за потенцијална војна со Русија, неговата работа сѐ уште е фрустрирана со прописите на национално ниво, појасни Солфренк. Според него, бирократијата, во случај на избувнување војна со Русија, би можела да предозивка сериозни доцнења во реакцијата.
НАТО е силно вклучен во војната на Украина против Русија, којашто својата акција во соседната земја, меѓу другото, ја обајснува и со заканата од ширењето на западниот воен сојуз кон нејзините граници и воено загрозување на нејзиниот суверенитет и интегритет.
Меѓутоа, во Украина самиот НАТО тврди дека не учествува во војната со Русија, и покрај стотиците инструктори, команданти, разузнавачи, илајдници војници на земјите членки кои наводно даваат отказ во своите армии и преминуваат во редовите на укранската војска, како и исклучително големите пратки западно вооружување. Американскиот претседател Џо Бајден и неговите западни сојузници велат дека настојуваат да избегнат дирекно воено соочување со Русија поради нејзиниот голем нуклеарен арсенал.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг со новинарите во петокот предупреди дека Москва ќе одговори доколку тој ткн „воен Шенген“ се оствари.
„НАТО отсекогаш наштата земја ја сметаше за ткн идеолошки непријател. Сега отворно ја смета за очигледен противни. Таа изјава не служи за ништо друго освен за подигнување на тензиите во Европа, а тоа има последици“, рече Песков.
Разговорите за создавање „воен Шенген“, како што оцени Песков, уште еднаш покажуваат дека Европа нема волја да ја сослуша легитимната загриженост на Русија, туку е подготвена да ја јакне својата безбедност на штета на руската.
„НАТО е тој кој постојано ја придвижува својата војна инфрастуркура кон нашата граница. Не сме ние тие коишто се приближуваме кон инфраструктурата на НАТО. НАТО ни се приближува и тоа може само да предизвикува загриженсота и да води кон реципрочни мерки за да си ја гарантираме сопствента безбедност“, порача Песков.
Од завршувањето на Студената војна и распадот на порашениот СССР, НАТО се прошири за околу 1.000 километри кон исток, примајќи ги во свое членство балтичките земји и Полска, а од југот Унгарија, Романија и Бугарија. Со то НАТО го продолжи своето источно крило на севкупно 4.000 километри. Во моментов Алијансата има 10.000 војници распоредени во осум борбени групи стационирани ширум источна Европа. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, минатата година најави дека се планира тие распоредени сили да ги зајакне со 300.000 војници во состојба на висока воена приготвеност како резерва.