
Владата на денешната седница ја усвоила Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner – 23“ и донесе ваква Одлука.
– Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата „Brave Partner – 23“, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на Армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната гео-стратешка позиција на Република Северна Македонија.