
Во пожарот што избувнал во трговски центар во јужната пакистанска метропола Карачи најмалку десет лица ги загубија животите, соопштија во саботата локалните власти и медиумите.
Локалната телевизија Geo News известува дека пожарот избувнал во рано утрото во саботата во повеќекатниот трговски центар RJ во најнаселениеот пакистански град.
Пожарнмикарите спасиле околу 50 луѓе, но многумина останале заробени во големиот објект, се наведува во извештајот на телеввизијата.
Градоначалникот на Карачи, Муртеза Вахаб Садики, во објава на платформата Х потврди дека најмалку десет тела и 22 повредени луѓе се пренесени во локалните болници како последица од пожарот.
„Во тек е процесот на целосно гаснење и ладење згаснат“, се додава во објавата на градоначалникот Садики од попладнето.
Причините за пожарот сѐ уште не се познати.