
Aгенцијата за храна и ветеринарство ја повлече од продажба негазираната природна минерална вода ,,Мирос“ во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри, со рок на употреба: до 30.08.2024 година.
„Причина за отповикување е: небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18)“, се вели во соопштението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство до граѓаните.