
Како партија даваме поддршка на иницијативата за обештетување на семејствата на загинатите бранители и на воените инвалиди, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
-Како партија одсекогаш сме давале поддршка на обештетувањето на семејствата на загинатите бранители и на воените инвалиди. Во изминатиот период неколку пати поднесувавме закони, меѓутоа знаете дека истите беа одбивани со договор помеѓу СДС и ДУИ, изјави Ковачки.
Ковачки ги повика и останатите партии да се приклучат на иницијативата, со цел да се надмине неколкугодишна голгота на семејствата на загинатите бранители.
-Како политичка партија даваме апсолутна поддршка на иницијативата која денеска е предложена од страна на претседателот на Достоинство, на Стојанче Ангелов. Ќе ја погледнеме иницијативата, ќе ја разгледаме и истата ќе ја поддржиме. Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат за да се намали оваа голгота, 20 и неколку годишна голгота на семејствата на загинатите бранители, рече Ковачки.