Доларот на најниско ниво во последните три месеца, пад на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се лизна во вторникот на најниско ниво од крајот на август.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во раното претпладневно тргување се движи околу 103,16 поени, додека вчера во истиот период изнесуваше 103,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,50 на 148,20 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0950 долари, додека вчера во ова време изнесувапе 1,0930 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,13 отсто, на 79,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,15 отсто, на 74,75 долари.