
-Денеска ја продолжуваме нашата теренска активност „Важно е! Од тебе зависат промените“. Во Македонски Брод, заедно со градоначалникот, заедно со претседателот на општинскиот комитет, луѓето кои што се дел од администрацијата на општина Македонски Брод, но, исто времено и луѓето кои се симпатизери и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Заедно со градоначалникот Жарко ќе направиме увид во неколку проекти кои што изминатиот период Македонски Брод ги има изработено и завршено. Но, истовремено ќе разговараме и за плановите во иднина кои се поврзани со работата на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и да видиме кои проекти ќе бидат опфатени од клучниот капитален проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера да го реализира на цела Македонија, а тоа се децентрализација на средства од државниот буџет кон општините. Зборуваме за 250 милиони евра годишно, или за проекти во вредност од 4 милиони евра кои ќе бидат реализирани во еден мандат. Знам дека секогаш постои простор за повеќе, не сакаме да ја изневериме довербата на граѓаните. И истата таа доверба сакаме да ја заслужиме на следните претседателски и парламентарни избори, кога очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и на кандидатот кој ќе биде предложен за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вели Мицкоски.