
Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Како што информира АМСМ, врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.