Борел до Лавров: ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети, ова е добра прилика да чуе зошто Русија е осудена и изолирана

„Вашата одлука да дозволите Сергеј Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив. Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него да чуе зошто Русија е осудена и изолирана и потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ОБСЕ и ЕУ остануваат обединети во осудувањето на незаконско и агресивното однесување на Русија“, изјави попладнево високиот претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.