
Времето во средата вво Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и северни делови од земјата ќе има слаби врнежи од дожд, на планините врнежи од слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат на повисоките места на западот од 2 до 12 Целзиусови степени на крајниот југ.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно, претпладне магливо со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темепратурата ќе достигне 9 степени.