Променливо облачно со сончеви периоди и потопло

Во Македонија во петокот по магливото утро по котлините, во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и потопло.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови.

Утринските температури се движат од 0 до 5, додека максималните дневни ќе достигнат од 11 на повисоките западни места до 17 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 14 степени.