
Централната комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ денес на терен во Крушево.
На трибината со наслов „Перспективи на планинскиот туризам“ се споделија бројни позитивни искуства од минатото, замрени проекти кои мора да се возобноват и нови, креативни предлози и идеи за идниот развој на Крушево како туристичка дестинација.
-Низ конструктивна дебата со чинителите и засегнатите страни ги констатиравме недостатоците и слабостите, како и начините на кои планиране да ги надминеме истите. Во претстојниот период Централна комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на средби со граѓаните, сѐ со цел нивните потреби и идеи да бидат вградени во предизборната програма, а веднаш по формирањето на новата влада да се пристапи кон реализација на проекти кои ќе го издигнат туризмот на заслуженото ниво, велат од партијата.