
И јас сум гневен како и сите граѓани на оваа држава. Уставот ја забранува смртната казна а исто така ние имаме усвоено и протоколи и други конвенции каде се забранува смртната казна, кажа денеска министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање за грозоморното убиство на Вања и на Панче.
– Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотна казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции, кажа Лога.
Лога потенцираше дека тој има доверба во институциите и дека на крајот ќе им биде изречена заслужената казна на како што тој рече, монструмите.