
Македонскиот народен театар ги откажува претставите кои се на репертоарот за оваа вечер и за утревечер, поради убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.
-Откажана е вечерашната претстава „Кец на десетка“ и утрешната „Животот е прекрасен“. Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставите, соопштија од МНТ.