
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” донесе одлука годинешната награда „Св. Климент Охридски” да им припадне на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор која наградата ја добива во областа на воспитанието и образованието и на режисерот Антонио Митриќески кој е лауреат во областа на културата и уметноста.
Државната награда „Св.Климент Охридски” е највисоко признание кое се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2023 година во свечената сала на Собранието на Македонија.