
Новата работна седмица Македонија ќе ја започне со стабилна временска состојба, сончево време со мала до умерена локална облачност.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места долж Повардарието повремено засилен ветер од северн и северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 5 на повисоките места на западот на земјата, до 2 степена во јужните предели. Максималните дневни, пак, соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 3 и 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува претежно сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец поизразен во претпладневните часови. Температурата ќе достигне до 6 степени.