
Навивач починал за време на натпреварот помеѓу Сакременто Кингс и Њу Орлеанс изминатата вечер во НБА купот.
Според информациите на медиумите во САД на навивачот му се слошило по што набрзо починал и покрај реакцијата на идната помош. Трагичниот настан го потврди франшизата од Калифорнија.
„Во тек на првата четвртина на натпреварот помеѓу Кингс и Пеликанс на еден навивач му се слоши. Веднаш реагираше итната помош и се обиде да го реанимира, но за жал обидите на докторите беа неуспешни и навивачот почина. Целата организација изразува најдлабоко сочувство до семејството на навивачот и неговите најблиски“, стои во сопштението.
Информациите се дека навивачот бил на возраст околу 30 години.